Дневен престој

Раниот детски развој претставува многу значајна фаза во животот, бидејќи во неа се развиваат најголемиот дел од когнитивните и некогнитивните вештини на човекот. Оттука, особено важно е да се овозможи квалитетна претшколска едукација на секое дете.

За таа цел, дневниот престој во Скампер нуди претшколска едукација и воспитание на децата на возраст од 3 до 6 години. На оваа возраст ги градиме на здравите навики, ја развиваме и негуваме креативноста на децата и го стимулираме на логичко размислување при решавање на проблеми. Користејќи ја нивната природна желба за игра и забава, во Скампер ги учиме децата како да решаваат предизвици и како да соработуваат меѓу себе.

Програмата на Скампер е базирана на четири столба: игра, комуникација, пристап кон учење и креативност и уметност. Земајќи ги предвид потребите и преференците на родителите, во дневниот престој нудиме целодневна и скратена настава.


Целодневна настава8:00 - 16:0012.000денари

Потполна програма за вашето дете!

  • 2 оброка и една ужина
  • три едукативни блока
  • учење преку игра
  • надворешни активности

Што вклучува целодневната настава?

Игра
Комуникација
Пристап кон учење
Креативност и уметност

Денот започнува со утринска гимнастика и истегнување на дечињата со цел развој на грубата моторика. Потоа, се воведува дневната тема преку игра и асоцијации од секојдневниот живот, при што посебно внимание се посветува на форми, бои, букви, броеви и слично.

Игра
Комуникација
Пристап кон учење
Креативност и уметност

Во овој едукативен блок се посветува време на развој на комуникацијата на децата и социо-емоционалиот развој. За таа цел, децата преку приказни, театарски претстави и куклени претстави се запознаваат со настани од секојдневниот живот на различни херои.

Игра
Комуникација
Пристап кон учење
Креативност и уметност

Третиот едукативен блок е посветен за развој и зајакнување на креативниот процес и искажување на децата. За таа цел, дневната тема се повторува преку различни креативни активности и изработки. Преку овие активности истовремено им се стимулира  фината моторика на дечињата, се вежбаат различни психомоторички техники, 3Д дизајн, цртање и боење.

Особено внимание се посветува на разновидноста и балансираноста на оброците. Храната вклучува свежо сезонско овошје и зеленчук, супи и течности, при што се внимава на балансирано присуство на протеини и јаглехидрати.

Оброците се рамномерно распределени во текот на денот, при што појадокот се служи од 08:00 до 09:30, ручекот од 12:00 до 12:30 и ужината се служи помеѓу 14:00 и 14:15.

Скратена настава8:00 - 14:0010.000ДЕНАРИ

Скратена програма за вашето дете!

  • два оброка на ден
  • два едукативни блока
  • учење преку игра
  • надворешни активности

Што вклучува скратената настава?

Игра
Комуникација
Пристап кон учење
Креативност и уметност

Денот започнува со утринска гимнастика и истегнување на дечињата со цел развој на грубата моторика. Потоа, се воведува дневната тема преку игра и асоцијации од секојдневниот живот, при што посебно внимание се посветува на форми, бои, букви, броеви и слично.

Игра
Комуникација
Пристап кон учење
Креативност и уметност

Во овој едукативен блок се посветува време на развој на комуникацијата на децата и социо-емоционалиот развој. За таа цел, децата преку приказни, театарски претстави и куклени претстави се запознаваат со настани од секојдневниот живот на различни херои.

Особено внимание се посветува на разновидноста и балансираноста на оброците. Храната вклучува свежо сезонско овошје и зеленчук, супи и течности, при што се внимава на балансирано присуство на протеини и јаглехидрати.

Оброците се рамномерно распределени во текот на денот, при што појадокот се служи од 08:00 до 09:30 а ручекот се служи помеѓу 12:00 и 12:30.