За нас

Инспирација

Како релативно нов концепт, првата градинка во светот била отворена во 1837 година во Германија од страна на Фридрих Форбл. Сакајќи да создаде место за забавување, но и едукација на малите дечиња, Форбл создал систем врз кој се базира претшколската едукација и денеска, скоро два века подоцна.

Сепак, 65% од денешните деца ќе работат на работни задачи кои сè уште не се измислени. Во свет кој се менува со молскавична брзина поради дигиталната ера, децата треба да ги научиме на разнообразни знаења, преку кои можат да бидат активни креатори, истражувачи и иноватори.

Инспирирани од начинот на учење преку игра и насмевки, во Скампер се стремиме да ги научиме децата дека вистинскиот начин да напредуваат и да ги развиваат своите капацитети во животот е преку живеење и работа во духот на доживотна градинка.

scamper-science

Нашата мисија

СКАМПЕР ДОО Скопје е едукативно-истражувачка организација основана во 2017 година, чија мисија е да помогнеме на децата во предучилишна возраст да се приспособат на предизвиците кои ги носи дигиталната ера преку користење на иновативни едукативни програми чија ефективност е заснована на докази.

Нашата визија е Скампер да стане влијателен едукативно-истражувачки центар на регионално ниво, преку ширење на неговите програми во регионот и отворање на нови едукативни центри низ државата.

За таа цел, Скампер располага со еден едукативен центар којшто спроведува едукативни програми за деца во претшколска возраст. Истовремено, Скампер спроведува и истражувачки активности преку кои се развиваат модуларни, курикуларни и вонкурикуларни програми кои се употребуваат во едукативниот центар.