Истражуваме

Во рамките на Скампер спроведуваме истражувачки активности, со цел созадавање на курикуларни и вонкурикуларни едукативни програми кои ќе можат да се користат во своите едукативни центри, но и во редовните градинки. Дополнително, Скампер развива едукативни материјали кои ќе се достапни за употреба во домашни услови.

Проект ПКР - Пресметковно размислување со Кубето

Скампер е добитник на грант од страна на Фондот за иновации и технолошки развој за проектот „ПКР – Пресметковно размислување со Кубето“. Целта на проектот е да се изработи курикулум врз кој ќе може да се воведе пресметковното размислување со користење на играчката-робот наречена „Кубето“ во раниот детски развој (од 3 до 8 години). По изготвувањето на програмата, таа ќе биде достапна за користење од страна на редовните и приватните градинки и едукативни центри.

Проектот опфаќа четири фази:

  • Развој на курикулум за пресметково размислување со Кубето (КПР), заедно со систем за евалуација на детскиот развој
  • Анализа на курикулумот и евалуациониот план за предложената работна методологија
  • Пилотирање на КПР во две градинки како дополнителна активност, надвор од формалната образовна програма
  • Патентирање на КПР

Што е кубето?

Кубето претставува едукативна робот-играчка, која е создадена да ги оттргне децата од екраните на компјутерите и смартфоните, а со цел преку игра да ги научи на пресметковно размислување. Кубето е веќе во употреба во дел од едукативните програми во САД, Обединетото Кралство и Франција, а првичните резултати од неговата употреба се охрабрувачки. За таа цел, сакаме да го создадеме првиот курикулум кој ќе ја стандардизира употребата на Кубето, со што ќе можеме да ги научиме децата на пресметковно размислување кое ќе добива се поголема тежина во иднина.

scamper-cubetto-3

Дополнителни информации за проектот

Времетраење на проектот: март 2019 – март 2021
Буџет: 7.500.000 МКД (70% финансиран од ФИТР; 30% сопствено финансирање)
Контакт лице за проектот: Тамара Димитрова, info[аt]scamperedu.mk

Fund for Innovation and Technological Development