Здраво здраво!
Летото е долго, а нашите дружења ни недостигаат многу. Затоа секој ден ќе споделуваме активности кои најчесто ги правиме заедно, сега да ги правиме заедно, но поинаку.
Денешната активност е за животните кои живеат во вода, активност повеќе во доменот на психомоторика, боење, цртање и поттикнување на креативноста. Дополнително, можете да ја искористите и како активност за комуникација, во насока на препознавање на животните, дискусија во која се боја и големина можат да бидат, каде живеат, дали пијат вода, по што се разликуваат!
Активноста може да се превземе тука.
Придружете ни се и споделете ги вашите резултати од активноста со нас и вашите пријатели! #СкамперАктивности #лето2020соСкампер #останикреативен #останидома