Онлајн програма како одговор на пандемијата со Ковид-19

Драги родители и деца,

Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19 направи да нашето секојдневие претрпи огромни промени. Со тоа и навиките, како на возрасните, така и на децата.

Но секој предизвик е всушност задача за која мораме да најдеме решение. Тимот на Скампер посветено работи и е тука за целата наша заедница, да помогне да се надмине овој тежок период.

Пред нас следува нормалност полна неизвесности. Јавното здравје е врвен приоритет, поради што за сите дечиња создадовме адаптирана програма која со нашите едукатори ќе може да ја работат, од топлината на сопствениот дом, и да продолжиме онаму каде што застанавме. Дополнително, оваа програма ќе ги освежи навиките и ќе обезбеди постојан континуитет за развој, без разлика на состојбата со Ковид-19 во земјата и од отворање или затворање на различни гранки и сектори. 

Ќе започнеме со фаза во која повеќе ќе се фокусираме на социјализација на децата и нивна реинтеграција во псевдо-формална средина со едукатор. Ќе продолжиме со фаза каде засилено ќе работиме во домените каде што ќе има одредени пропусти, дали е тоа фина моторика, графомоторика, груба моторика, комуникација и ќе продолжиме да го негуваме и развиваме нивното критичко мислење, креативно изразување, социо-емоционален развој, логика, математика и сл.

Предизвикот пред нас ќе го гледаме низ призмата на решавачи на проблеми и заедно со децата ќе ги наоѓаме решенијата и објаснувањата за промените во нашето секојдневие и ќе ги прифаќаме со позитивен став, со што ќе ги направиме амбасадори на добра мисла и ширење на среќа, каде и да се!

Програмите кои ги подготвивме се поделени во повеќе групи и термини, за кои слободните места секојдневно варираат, па најдобро е да се слушнеме и да се договориме која програма е најкомпатибилна за вашето дете!

Програмите вклучуваат:

  •  хибриден модел за предучилишна возраст – за сите деца од 4 и 5 години
  •  онлајн училишна настава за прво одделение со дополнителни часови и теми од креатива – за деца од 6 и 7 години
  •  онлајн училишна настава за второ одделение со дополнителни часови и теми од креатива – за деца од 7 и 8 години
  •  онлајн курс креатива – за деца од 6 до 8 години

За повеќе информации за сите овие можете да погледнете на веб страницата на Скампер или да се јавите на следниот број: 078377527.