Работилници

За време на викендите, Скампер одржува работилници кои траат по час и половина. На работилниците се обработуваат определени теми од области кои ја поттикнуваат имагинацијата и љубопитноста на децата: вселена, диносаурси, животни во шумата, човеково тело и слично. Работилниците се составени од два дела, и тоа едукативно предавање со Кубето и креативен блок.

Работилниците се дизјанирани да имаат позитивно влијание врз децата, и тоа да предизвикаат зголемена истрајност, љубопитност, трпеливост и намалена анксиозност. Дополнително, се очекува зголемен интерес на децата за решавање на проблеми и будење на креативниот дух.