#СедимеДома и #УчимеПрекуИгра

Имајќи ја предвид новата ситуација со која се соочуваме сите заедно, тимот на Скампер реши да придонесе кон исполнување на времето со вашите најмалечки! Се надеваме дека ова прво издание (а ќе ослободуваме ново на секои 2 денови) ќе донесе многу насмевки, ќе ја предизвика љубопитноста, ќе научиме нешто ново заедно и ќе го исполни времето со вашите деца!

Материјалите можете да ги превземете ТУКА! Првите две животни средини во кои ќе истражуваме заедно се саваната и џунглата!

Интересен факт!

Една од најголемите и најважни иновации претставуваа концептот на градинка. Релативно нова како идеја и концепт – постои помалку од 200 години и претставува значајно оддалечување од претходните концепти за учење и обучување. Кога Фридрих Фробл ја отворил првата градинка во светот, во Германија во 1837 година, тоа не било само место за дечиња кои се мали. Целата филозофија е основана на радикална промена во пристапот, која е суштински различна од училиштата кои постоеле претходно.

Иако несвесен во моментот, тој основал принцип за образование кој е идеален за потребите на 21виот век – и тоа не само за 3 до 6 годишни деца, туку за сите возрасти, за сите оние кои сакаат да учат нови работи, да создаваат и да развиваат.

Во денови на соочување со евидентна промена на нашето секојдневие, ајде да го искористиме времето на располагање и да поминеме уште повеќе време со малечките и да размениме вредности, љубопитност и игра!

Во духот на доживотна градинка, ајде да ги научиме децата дека тоа е вистинскиот начин како ќе можат да напредуваат и да ги развиваат своите креативни капацитети кои се потребни во ова брзо променливо општество и секојневие.

Се надеваме дека ќе уживате во првиот сет на активности од Скампер, следете не за повеќе! 🙂

#СедиДома #БидиКреативен #УчимеПрекуИгра #придонесиИти