Колку риби ќе улови рибарот? Активност за логичко размислување!

Здраво здраво!

Летото е долго, а нашите дружења ни недостигаат многу. Затоа секој ден ќе споделуваме активности кои најчесто ги правиме заедно, сега да ги правиме заедно, но поинаку.

Денешната активност е за развивање на логика кај децата и нивните математички способности, како и развој на љубопитност. Дополнително, можете да ја искористите и како активност за комуникација, во насока на препознавање на животните и превозните средства во водата, да дискутирате за нивниот број, боја, големина и разлики или сличности!

Активноста може да се превземе ТУКА.

Придружете ни се и споделете ги вашите резултати од активноста со нас и вашите пријатели! #СкамперАктивности #лето2020соСкампер #останикреативен #останидома