Скампер сениори курс креатива

In explicari consetetur regione mei an

Кратки информации

Возраст: од 5 до 8 години
Почеток: 10 септември
Достапни места: 2 од 5
Денови: понеделник, среда и петок
Почеток во: 12:30 часот
Цена: 3000 денари месечно

Зошто да го одберете овој курс?

Креативното изразување, играта и комуникацијата се природната средина за развој на секое дете. Со најразлични методи прилагодени на условите и на најразлични теми на овие часови децата ќе ја вежбаат својата психомотрика, фина моторика, симетрија, комуникација, истрајност и толеранција. Преку раскажување приказни и најразлични активности и задачи, децата ќе откриваат различни светови и учат нови информации.

Очекувања се зголемен фокус и меморија, намалена анксиозност и будење на голем интерес кон уметноста и темите кои ќе ги изучуваме, како и интерес кон решавање на проблеми, зголемена истрајност, љубопитност и трпеливост.

Повеќе информации за курсот

Уметноста и креативното изразување играат многу важна улога во развојот на детето. Негувањето на креативноста развива нови можности и капацитети кај децата. Со најразлични техники и на најразлични теми, од цртање, боење, моделирање и правење на 3Д модели, децата ќе ја вежбаат својата психомотрика, фина моторика, симетрија и сл.

Цели на програмата:

Целта на програмата е првично социјализација и реинтеграција на децата во група, со едукатор. Истовремено, очекувани се зголемен фокус и меморија, намалена анксиозност и будење на интерес кон уметноста.

Очекувани ефекти:

  • зголемен фокус и меморија;
  • намалена анксиозност;
  • будење на голем интерес кон темите кои ќе се работат;
  • среќа.

Објаснување на моделот на настава:

Пред почетокот на месецот, ви пристигнува креативен пакет со 10 активности и прибор кој ќе биде потребен за да истите бидат сработени. На контакт меилот пред секој час од распоредот ќе биде испраќан потсетник со линк за вклучување на часот на кој ќе биде разработена таа тематска единица заедно со креативни изработки, игри и најразлични методи за поттикнување на комуникацијата и љубопитноста на децата.

вид на активност количина цена вкупна цена
1 пакет = 10 вежби 1 600 600
1 сесија = 90 минути 12 300 3600
вкупно: 4200

Промотивна цена за септември 2020 година: 3000 денари

Формат и динамика на настава:

Ден Понеделник Вторник Среда Четврток Петок
Локација Онлајн Онлајн Онлајн
Времетраење 120 минути 120 минути 120 минути
Термин 12:30 часот 12:30 часот 12:30 часот

 

Опрема потребна за онлајн часовите:

Компјутер, таблет или телефон на кој детето може да се приклучи на онлајн платформа и меил за комуникација од страна на родителот. Сите останати потребни материјали ќе им бидат дадени на децата во едукативните пакети, вклучително прибор потребен за работа.

Едукаторка

Stefani-retro

Курсот го води Стефани Стојановска, дипломиран комуниколог со силна пасија и повеќегодишно работно искуство со деца од оваа возраст. Дел од тимот на Скампер е речиси една година, особено посветена на развој на груба моторика, ритам, љубов кон музика и комуникација на децата.