Скампер сениори 2ро одделение

In explicari consetetur regione mei an

Кратки информации

Возраст: од 7 до 8 години
Почеток: 1 октомври
Достапни места: 5 од 5
Денови: понеделник до петок
Почеток во: 10 до 12 часот
Цена: 6000 денари месечно

Зошто да го одберете овој курс?

Со современи методи прилагодени на условите и на најразлични теми на овие часови децата ќе го совладаат материјалот од училишните предмети: македонски јазик, математика, природни науки и општествени науки, а со помош на дополнителните часови по креативно изразување ќе ја вежбаат својата психомотрика, фина моторика, комуникација, истрајност и толеранција.

Очекувања се зголемен фокус и меморија, намалена анксиозност и будење на интерес кон различни училишни предмети, уметноста и темите кои ќе ги изучуваме, како и интерес кон решавање на проблеми, зголемена истрајност, љубопитност и трпеливост.

Повеќе информации за курсот

Прекинот на нормалната динамика на работа со децата предизвикана од епидемијата со вирусот Ковид-19 ја создаде потребата за адаптирана програма за децата од најразлични возрасти.

Фокусот на Скампер сениори програмата е совладување на училишната програма и негување на љубовта кон уметноста и креативното изразување кај децата, кои играат многу важна улога во развојот.

Цели на програмата:

Целта на програмата е првично социјализација и реинтеграција на децата во група, со едукатор. Истовремено ќе се работи кон совладување на училишната програма и негување на креативниот потенцијал на секое дете.

Очекувани ефекти:

  • зголемен фокус и меморија;
  • намалена анксиозност;
  • будење на голем интерес кон темите кои ќе се работат;
  • среќа.

Објаснување на моделот на настава:

Секојдневно децата ќе работат во мали групи во кои ќе може да се обезбеди дури и индивидуален пристап доколку е потребно, во насока на совладување на материјалот. Децата ќе имаат различен план и тек на секој работен ден кој јасно ќе им биде објаснет а потоа ќе работат заедно, со цел да има различна динамика и да не е монотоно.

Во периодот на наставата во времетраење од 120 минути ќе биде разговарано на различни теми, ќе бидат вклучени игри за будење на активноста и ажурноста на децата, поттикнување на натпревар за поуспешно совладување на темите.

  • Секој од училишните предмети ќе биде поделен во две сесии каде секоја од нив ќе има различни цели – објаснување и совладување на коцепт или пак индивидуална вежба.
  • Секоја сесија од наредната ќе биде раздвоена со пауза која ќе вклучува активност или игра која ќе служи за релаксација, одмор, раздвижување и сл.
  • Часовите за креативно изразување ќе бидат со цел да се работи со децата надвор од училишната програма, на развој и негување на нивната креативност, но истовремено и ширење на општите познавања на најразлични теми. Материјалите потребни за овие активности, заедно со игрите потребни за конкретен месец ќе бидат испратени во кутија до вашиот дом. Овие часови ќе се оддржуваат два пати неделно, во термини одвоени од училишната настава, како децата би биле одморени и енергични за нов предизвик.
вид на активност количина цена вкупна цена
1 сесија од 120 минути 20 300 6000
1 креативен пакет со 10 вежби 1 600 600
1 сесија креативни активности 8 300 2400
вкупно: 9000

Промотивна цена за месец септември 2020 година: 6000 денари

Формат и динамика на настава:

Ден Локација Вид на настава Термин Времетраење Термин Времетраење
Понеделник онлајн Училишна + креатива 10 часот 120 минути 16 часот 60 минути
Вторник онлајн Училишна 10 часот 120 минути
Среда онлајн Училишна + креатива 10 часот 120 минути 16 часот 60 минути
Четврток онлајн Училишна 10 часот 120 минути
Петок онлајн Училишна 10 часот 120 минути

Опрема потребна за онлајн часовите:

Компјутер, таблет или телефон на кој детето може да се приклучи на онлајн платформа и меил за комуникација од страна на родителот. Сите останати потребни материјали ќе им бидат дадени на децата во едукативните пакети, вклучително прибор потребен за работа.

Едукаторка

Dora-retro

Курсот го води Дора Локвенец, дипломирана на ФИНКИ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје со силна пасија и повеќегодишно работно искуство со деца од оваа возраст, организација на разни работилници и настани со едукативен карактер.