Скампер јуниори настава

In nec iusto comprehensam regione mei an

Кратки информации

Возраст: од 4 до 6 години
Почеток: 10 септември
Достапни места: 4 од 5
Денови: понеделник до петок
Почеток во: 11:30 часот
Цена: 3000 денари месечно

Зошто да го одберете овој курс?

Креативното изразување, играта и комуникацијата се природната средина за развој на секое дете. Со најразлични методи прилагодени на условите и преку најразлични теми, на овие часови децата ќе ја вежбаат својата психомотрика, фина моторика, симетрија, комуникација, истрајност и толеранција. Преку раскажување приказни и најразлични активности и задачи, децата ќе откриваат различни светови и учат нови информации.

Очекувања се зголемен фокус и меморија, намалена анксиозност и будење на голем интерес кон уметноста и темите кои ќе ги изучуваме, како и интерес кон решавање на проблеми, зголемена истрајност, љубопитност и трпеливост.

Повеќе информации за курсот

Прекинот на нормалната динамика на работа со децата предизвикана од епидемијата со вирусот Ковид-19 ја создаде потребата за адаптирана програма за децата од предучилишна возраст. Скампер ќе спроведува програма во Ковид периодот која се состои од два делови: онлајн активности и активности со физичко присуство на отворен простор, во парк.

Цели на програмата:

Целта на програмата е првично социјализација и реинтеграција на децата во група, со едукатор. Второстепено е продолжување на воспитно образовниот процес на оваа возрасна група и сите домени на раниот детски развој:

  • развој на груба моторика
  • развој на фина моторика
  • социо-емоционален развој
  • развој на критичко размислување
  • развој на креативното изразување
  • развој на пристап кон решавање на проблеми

Очекувани ефекти:

  • зголемен фокус и меморија;
  • намалена анксиозност;
  • будење на голем интерес кон темите кои ќе се работат;
  • среќа.

Објаснување на моделот на настава:

Потребата за овој хибриден модел започнува со недостигот на апстрактно мислење кај децата на оваа возраст, па така,  процесот на објаснување што подразбира учење и игра од дома, ќе мора јасно да се договори на самиот почеток со нив.

Истовремено, ќе мора проактивно и фокусирано да работиме на нивниот социо-емоционален развој, трпение и истрајност кога сме во група со физичко присуство, како би постигнале поуспешни резултати во активностите кои ќе се спроведуваат онлајн. Целиот процес ќе се договара јасно со децата, да ги поставиме правилата на игра, за да повторно се дружиме заедно. Поинаку, но сепак заедно бидејќи тоа е нешто што нив им е најпотребно – социјализација и игра.

Активностите и средбите во парк се подготвени согласно јавните здравствени протоколи и насоки за однесување на отворен простор и во мали групи. Онлајн наставата ќе биде организирана во повеќе различни активности со цел да се задржи вниманието на децата користејќи современи методи и алатки, лесни и разбирливи за децата.

Формат и динамика на настава:

Ден Понеделник Вторник Среда Четврток Петок
Локација Парк Онлајн Онлајн Онлајн Парк
Времетраење 90 минути 60 минути 60 минути 60 минути 90 минути
Термин 12:00 часот 11:30 часот 11:30 часот 11:30 часот 12:00 часот

 

Опрема потребна за часовите на отворено, во парк:

Ќе биде потребно секое од децата да носи маска со себе, шише вода и ранец со дополнителна опрема (џемпер доколку времето е променливо и под сенка е можно да му стане ладно, капа по потреба, резервна маица и сл). Обидете се пред поаѓање да појдете во тоалет, за да ја намалиме шансата за потреба за одење во тоалет.

 

Опрема потребна за онлајн часовите:

Компјутер, таблет или телефон на кој детето може да се приклучи на онлајн платформа и меил за комуникација од страна на родителот. Сите останати потребни материјали ќе им бидат дадени на децата во едукативните пакети, вклучително прибор потребен за работа.

Едукаторка

Kristina-retro

Курсот го води Кристина Тодоровска, дипломиран педагог на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје. Кристина посветено и со голем ентузијазам работи во Скампер веќе две години и ја поттикнува и засилува комуникацијата и љубопитноста на малите скамперчиња.