Аплицирај

Ваши информации:

Аплицирате за:

Како да аплицирам?

Програмата на Скампер нуди три активности за вашите деца: дневен престој; курсеви и работилници. Разгледајте ги одделните опции кои ги нудат трите активности и одлучете која најмногу одговара за вас и вашето дете.

Доколку сакате да аплицирате за дневниот престој или за некој од курсевите што ги нудиме во едукативниот центар на Скампер, тогаш можете да ни се јавите на телефонскиот број 075 204 501 или да нè контактирате преку контакт-формата од левата страна.

Откако ќе потврдиме дека има слободно место за вашето дете, тогаш можете да дојдете во просториите на едукативниот центар и лично да го упишете вашето дете, потпишувајќи договор со Скампер.

Бидејќи работилниците се изведуваат надвор од просториите на едукативниот центар, аплицирајте на нив преку деталите кои се оставени на самата најава за работилницата.

За упишување на вашето дете на дневниот престој или курсеви на Скампер, потребно е да донесете а) потврда за вакциналниот статус на вашето дете и; б) резултати од брис тест од нос и грло.

Овие документи ни се потребни за заштита на здравјето на вашето и на останатите деца, како и на заштита на здравјето на вработените.

За да аплицирате за дневниот центар на Скампер, вашето дете треба да е на возраст помеѓу 3 и 6 години.

За да аплицирате за курс или работилница на Скампер, вашето дете треба да е на возраст помеѓу 4 и 7 години.

Зошто да аплицирате во Скампер?

Едукација базирана на четири столба

Скампер претставува одлична околина која нуди едукација базирана на четири столба: игра, комуникација, пристап кон учење, креативност и уметност.

Совршени просторни услови

Едукативниот центар на Скампер се наоѓа во центарот на градот и е на површина од 100 квадратни метри. Групите во дневниот престој се помали од 15 дечиња, при што едукаторите можат да посветат повеќе време на секое дете поединечно.

Посветен тим

Во тимот на Скампер се вклучени едукатори со различни позадини, кои носат богато искуство и љубов кон едукацијата – сè со цел да се овозможи најквалитетната едукација на вашето дете!